Изјава за Huawei HiSuite и приватност
Huawei HiSuite е производ (или услуга) со кој управува Huawei Device Co., Ltd. и неговите глобални подружници (понатаму во текстот „Huawei“, „ние“, „нас“ или „наш“) што обезбедува резервна копија и обнова на податоци, системски ажурирања и надградби за вашите мобилни уреди. Ја разбираме важноста на вашите лични информации и ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да ги заштитиме. Ветуваме дека ќе преземеме соодветни мерки за безбедност за да ги заштитиме вашите лични информации според воспоставените стандарди за безбедност во индустријата.
Прочитајте ја и разберете ја Изјавата за Huawei HiSuite и приватност пред да го користите овој производ (или услуга).
Со ова изјавувате и гарантирате дека сте полнолетни кога почнувате со користење на овој производ (или услуга). Ако сте малолетно лице, вашиот старател мора да даде согласност за да го користите овој производ (или услуга) и да се согласи со соодветните правила и услови.
Ако имате прашања, коментари или предлози, контактирајте со нас преку телефонскиот број на службата за корисници: 400-830-8300/800-830-8300, преку службата за корисници на интернет или во нашите глобални канцеларии. За целосниот список на нашите канцеларии, посетете ја страницата Контактирајте со Huawei.
Имаме сектор (или специјалисти) посветен на заштитата на личните информации со којшто можете да стапите во контакт така што ќе ја посетите страницата Прашања за приватност.
Во нормални услови, ќе ви одговориме во рок од еден месец.
Ако не сте задоволни од нашиот одговор, особено ако сметате дека вашите законски права и/или интереси се прекршени со нашата обработка или управување со вашите лични информации, може да побарате надворешно решение преку поднесување тужба во граѓански суд во рамките на надлежното законодавство или поднесување приговор до соодветното здружение за саморегулација во индустријата или соодветните владини регулаторни тела или на друг начин.
1. Како ги собираме и користиме вашите лични информации
Лични информации се однесува на разни информации кои се зачувани електронски или на друг начин и кои може да се користат самостојно или во комбинација со други информации за да се идентификува конкретно физичко лице или за да се опише активност на конкретно физичко лице.
Во чувствителни лични информации спаѓаат единствен матичен број, лични биометриски податоци, број на банкарска сметка, информации за сопственост, локација, информации за трансакции и лични информации на деца од 14 години и помали.
Ќе ги собираме и ќе ги користиме вашите лични информации само за следните намени опишани во оваа изјава:
Обезбедување на следниве основни функции и услуги
(1) Резервна копија и обнова
За да ви ги обезбедиме услугите за резервна копија и обнова, треба да ги собираме следниве ваши информации:
Информации за уредот, вклучувајќи ги идентификаторот на уредот, оперативниот систем, името на уредот, моделот на уредот, ИП-адресата на уредот и информациите за хардверот на уредот (моделот на CPU и информации за ROM/RAM).
Верзијата на компјутерскиот софтвер, вклучувајќи ја верзијата на HiSuite и верзијата на оперативниот систем.
Горенаведените ваши податоци ќе се чуваат само локално и нема да се префрлаат на сервери од Huawei.
(2) Системско ажурирање и поправање на мобилниот телефон
За да ви ги обезбедиме навреме услугите за системско ажурирање и поправање, треба да ги собираме следниве ваши информации:
Информации за уредот, вклучувајќи ги идентификаторот на уредот, името на уредот, моделот на уредот, моделот на CPU на уредот, информациите за ROM/RAM и верзијата на системот.
Информации за компјутерската мрежа, вклучувајќи ја и ИП-адресата.
Намената на собирањето на тие информации е да се обезбеди соодветна верзија на ROM за вашиот уред.
Ќе ги користиме вашите лични информации на следниве начини: за да најдеме и автоматски да испратиме соодветна верзија на ROM за вашиот уред врз основа на информациите за уредот и за системот што ни ги доставувате, како и за да ја преземеме најновата верзија на ROM и да го ажурираме системот откако ќе добиеме ваше овластување за да ги решиме ризиците што можеби постојат во системот.
Ако не ги дадете овие информации, нема да можеме да го ажурираме системот и да ги поправиме безбедносните ризици што постојат.
(3) Ажурирања на апликации и преземања
За да примениме ажурирања и преземања за апликациите што се инсталирани на вашиот систем, треба да ги собираме следниве ваши информации:
Информации за апликации, вклучувајќи ги името и верзијата на апликацијата.
Информации за уредот, вклучувајќи го идентификаторот на уредот и UDID.
Информации за компјутерската мрежа, вклучувајќи ги и ИП-адресата и MAC-адресата.
Намената на собирањето на тие информации е да се обезбеди соодветна верзија на апликацијата за вашиот уред.
Ќе ги користиме вашите лични информации на следниве начини: за да најдеме и автоматски да испратиме соодветна верзија на апликацијата врз основа на информациите за апликацијата, уредот и системот што ни ги доставувате, како и за да ја преземеме најновата верзија од апликацијата откако ќе добиеме ваше овластување.
Ако не ги дадете овие информации, нема да можеме да ја најдеме, ажурираме и преземеме најновата верзија на апликацијата.
(4) Подобрување на услугата
За да ви обезбедиме подобро искуство со услугата, треба да ги собираме следниве ваши информации: статистика за апликации и податоци за начини на користење на HiSuite. Намената на собирањето на тие информации е да се обезбеди соодветна верзија на апликацијата за вашиот уред.
Ќе ги користиме вашите лични информации на следниве начини: за да ви обезбедиме подобро корисничко искуство и персонализирани производи и услуги врз основа на статистиката за апликации и податоци за начини на користење на HiSuite.
За да започнете или прекинете со користење на оваа карактеристика, едноставно изберете или откажете го изборот на Придружете се во Програмата за подобрување на корисничкото искуство така што ќе отидете во Нагодување > Општо во HiSuite.
2. Ваши права за податоците
Ги уживате вашите права за податоците во согласност со применливите закони. Ако имате прашања, коментари или предлози за вашите права за податоците, контактирајте со нас преку информациите за контакт во оваа Изјава.
3. Локација и период за чување на податоците
(1) Локација за чување на податоците
Личните информации кои ги собираме и создаваме во рамките на услугите за системско ажурирање и поправање на мобилниот телефон ќе се чуваат на сервери во Народна Република Кина
(2) Период за чување на податоците
Ќе ги чуваме вашите лични информации само во временскиот период којшто е неопходен за намената и ќе ги избришеме или ќе ги отстраниме вашите лични информации по горенаведеното време освен ако не се бара поинаку со применливите закони и прописи.
За услугите за системско ажурирање и поправање на мобилниот телефон, конкретниот период на задржување на вашите лични податоци е следен:
Горенаведените лични податоци ќе се избришат по шест (6) месеци од последниот ден на вашата интеракција со нас, ако во текот на овој период не се случила никаква деловна трансакција.
Дополнително, ако ги прекинеме нашите производи или услуги, ќе ве известиме во форма на автоматско известување, објава или на друг начин и ќе ги избришеме или анонимизираме вашите лични информации во разумен временски период.
4. Ажурирања на оваа Изјава
Huawei го задржува правото да ја ажурира оваа Изјава кога ќе биде потребно. Кога ќе настане промена, ќе ви испратиме известување за промена во форма на појавна дијалог-рамка. Ќе ги собираме, користиме и чуваме вашите лични информации во согласност со ажурираната изјава само со ваша согласност.
Оваа изјава стапува во сила на датумот на ажурирањето.
Последно ажурирање: 25 април 2018 година
ВАЖНО: Оваа изјава за приватност е составена од изјава за приватност и заложба за приватност што се однесува на апликацијата Huawei HiSuite. За да дознаете повеќе за правата на субјектите на податоците, мерките за безбедност на информациите и други детали, прочитајте ја Изјавата за приватност за деловни корисници на Huawei.